За нас

Сè на нашата планета е меѓусебно поврзано, a животната средина од која зависиме за да преживееме е под влијание на секој од нас и секоја наша активност (и неактивност). Конвенционалните производи кои се во широка употреба создаваат неодржливо количество отпад и ги влошуваат еколошките проблеми кои потенцијално го загрозуваат животот на планетата. Не можеме повеќе да си дозволиме да го игнорираме големиот проблем со консумеризмот. Мора да го преиспитаме начинот на кој консумираме. За тоа сме тука ние! Еко Хабитат цели да биде местото кое ќе ви ги понуди сите опции за полесна транзиција кон поодржлив начин на живеење, со нула отпад и практикување на циркуларен модел.